Повеќе видеа и фотографии со автобуси затанати на граничните премини со Косово и Албанија беа споделени на регионалните медиуми на албански јазик, со кои се тврди дека граничниот сообраќај попладнето е стопиран од македонска страна. Според информациите, се работи за технички проблем со системот, кој по застојот е повотрно воспоставен.
Македонските власти ги известиле институциите на Косово дека ситуацијата е поврзана со дефект на системот за регистрација на граничниот премин, по што Мевлан Адеми, водачот на студентскиот протест, побарал итна дозвола за влез на приведените Албанци на границата.
-Веднаш ослободете ги нашите браќа Албанци на граничниот премин. Бараме итна акција и дозвола за влез без одложување. Доколку нема брза интервенција и итно решение, ќе бидеме принудени да маршираме кон Министерството за внатрешни работи “, реагирал Адеми.
Протестот на судентите е закажан за 16.30 часот во Скопје, со барање за правосудниот испит да може да се полага на албански јазик. Ова е втор протест, а на неколку часа пред протестот се одржа средба на премиерот Мицковски со лидерите на Вреди, по која е најавено дека ќе се бара решение.
„Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината. Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава. Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност“, соопшти Владата.







