Околните згради пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во ццентарот на Скопје се празнат. Меѓу нив и вработните од ЈП „Државни патишта“, бидејќи вработен во обезбедување забалежел дека некое лице оставило куфер пред белата палата и се посомневало за можна бомба.
Настанот го потврдија и од МВР, но се уште не се знае дали станува збор за лажна пријава, бидејќи инспекторите се на терен.
-Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Полициски службеници се упатени на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.






