На Градските гробишта во Штип денеска ќе биде погребан Стојан Михов, познат пензиониран судија во Основниот суд Штип. Судијата Михов имаше 74 години.
Михов беше долгогодишен судија, а извесен период ја вршеше и функцијата портпарол на Основниот суд во Штип. Беше познат по експресивниот речник и еден од ретките судии кои со новинарите зборуваше без влакно на јазикот. Судиската кариера ја заврши во мај 2016 година.
Нека му е вечна слава!







