Почна судењето на командир и двајца инспектори за Пулс – Внесувале неточни податоци за да работи непречено

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје по скратена постапка започна судењето за тројца обвинети полицајци – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков за нивното работење поврзано со дискотеката Пулс.

Според обвинението, тројцата полициски службеници се товарат за тоа дека во периодот од 07.10.2023 до 07.02.2024 година, инспекторите Богатинов и Лазаров не постапиле согласно анекс-планот за акциска контрола при изготвувањето на записници од извршена контрола. Иако констатирале нарушување на јавниот ред и мир, во документацијата внеле неточни податоци за правниот субјект и одговорното лице поврзано со објектот.

Во однос на Темелков, како командир на Полициската станица Кочани, се наведува дека при одобрување барања за прекршочна постапка во 2024 година потпишал и поднел барања до надлежен суд против правно лице и лице кое, според обвинението, не било одговорно лице на клубот, објави 4news.mk.

Според наводите, при контрола не била побарана лиценца за работа, а со внесување на неточни податоци се овозможило непречено функционирање на објектот. На обвинетите им се става на товар кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ