Советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп Мирјана Стеваноска на почетокот на денешната седница, најави дека понатаму ќе делува како независен советник. Како што рече Стеваноска, политиката без став е молк, функција без интегритет е само поволност, а довербата од граѓаните е обврска којашто никако не смее да биде изневерена и водејќи се од интересите на граѓаните на општина Прилеп донесла одлука од дејствува како независен советник.
-Во изминатиот период покажав дека не прифаќам политика на молк слепо гласање и немо одобрување на однапред договорени одлуки. Верувам дека советникот не треба да биде декор во во политички театар туку активен и принципиелен глас на граѓаните. Морам да потврдам да повторам дека за жал, сведоци сме дека наместо аргументирана дебата и суштинска расправа советот се почесто се претвора во место за формално потврдување на политички интереси и тоа само на една политичка опција. Иницијативноста стручноста и двонасочната комуникација се заменуваат со политичка дисциплина и молчење Личните и теснопартиските интереси се почесто се ставаат пред интересите на Прилеп и прилепчани Јас таков начин на функционирање не сакам не можам и не прифаќам нити пак ќе бидам соучесник во истото, рече советничката.
Пред една недела независно делување најави и пратеникот од Струмица од редовите на ЗНАМ Миле Цеков.







