По признанието на унгарскиот министер дека ја информирал  Русија за состаноците во Брисел, ЕУ најави разговори со Сијарто

Фото: МИА

По признанието на унгарскиот министерот за надворешни работи Петер Сијарто дека имал телефонски разговори пред и по состаноците на Европскиот совет со неговите колеги од Русија, Америка, Турција, Израел и Србија, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас ќе разговара со него. Сијарто рече дека тоа е природен процес, бидејќи дипломатијата значи да се разговара со лидерите на други земји.

„Консултациите со трети земји, вклучително и Русија, по состаноците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ се природни и оправдани кога станува збор за билатералните односи на Унгарија со нив. На ваквите состаноци не се дискутира ништо доверливо, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сепак, на попладневниот брифинг во Брисел одговорајќи на новинарско прашање портпаролката Анита Ипер потсети на принципите на ЕУ.

„Можам дополнително да повторам дека Високиот претставник очекува правната обврска за искрена соработка да се почитува во секое време и сите земји членки мора да го поддржат сојузот во постигнување на овие цели и исто така мора да избегнуваат да преземаат дејства што би го поткопале тоа, и исто така Високиот претставник Калас ќе стапи во контакт со унгарскиот министер за надворешни работи, рече Ипер.

„Вашингтон пост“ објави дека дека Сијарто редовно му се јавува на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на паузите на состаноците на ЕУ . Информативниот центар на унгарската влада го нарече ова лага и проукраинска пропаганда. Вчера портпаролката Ипер изјави дека ЕК е загрижена од ваквите наводи.

Унгарската влада возврати со тврдење дека странски разузнавачки организации му го следат телефонот на министерот Сијарто.

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач објави протечена аудио снимка од новинарот Саболч Пањи, во која тој признава дека ги предал телефонските броеви на Сијарто на странски разузнавачки агенции за да ги следат неговите повици.

„Нови детали од протечена аудио снимка укажуваат на координирана разузнавачка операција насочена кон унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во која се вклучени странски разузнавачки агенции и е поврзана со политиката“, напиша Ковач на социјалните мрежи.

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ изјави денес дека неговите редовни комуникации со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, вклучително и по, а понекогаш и пред состаноците на Советот за надворешни работи на Европската унија (EU FAC), отсекогаш биле отворени, директни и професионални.

Ѓуриќ напиша на платформата X дека ја цени соработката со Сијарто, како и силното партнерство меѓу Србија и Унгарија.

Владата на Орбан е една од ретките во Европа што одржува редовни врски со Кремљ. Унгарија, исто така, продолжува да увезува големи количини фосилни горива од Русија, и покрај повиците на ЕУ за намалување на енергетската зависност од Москва.

Сијарто ја посети Москва 16 пати откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во 2022 година. Последната се случи на 4 март, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА