По 300 евра глоба за непрописно вградени фолии – За само еден месец 161 казна

Фото: МВР

За еден месец 161 санкција за непрописно вградени фолии, информираат од МВР.

-Во периодот од 01.09.2025 до 30.09.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во информацијта од МВР.

Според Законот за безбедност во сообрќајот возилата што имаат затемнети стакла задолжително треба да ги исполнуваат пропишаните услови. Доколку не се почитуваат пропишните услови, а возилото е на правното лицe ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, додека за правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице. За физичко лице, односно на возачот, пак, глоба во износ од
300 евра во денарска противвредност.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ