Пратеникот Цеков ја напушта ЗНАМ – „Подавам рака на сите што веруваат во исти вредности“

Миле Цеков, пратеникот на ЗНАМ од Струмица објави дека во Собранието како пратеник ќе делува самостојно. Незадоволен е што не успеал во овој состав на владејачкото мнозинство во Парламентот да ги промени работите.

„Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, тие промени не се случуваат“, напиша Цеков во подолгото образложение на одлуката.

„Не можам да бидам дел од власт и партија што не ги дели вредностите во кои верувам. Заминувам од политички субјект што формално е демократски, но суштински не ги исполни очекувањата на граѓаните. Заминувам од политика што не застана зад ветувањата. Оваа моја одлука доаѓа затоа што не прифаќам да живееме во држава со корупција и криминал, селективна правда и нефункционални институции. Не прифаќам младите да си заминуваат поради системот, а работниците да живеат со најниска плата во регионот. Не прифаќам загаден воздух и загадена средина. Не прифаќам држава што увезува наместо да произведува храна. Подавам рака до сите што веруваат во истите вредности и се подготвени да работат за доброто на татковината и народот. Ова е нов почеток. Почеток на борба за правда и одговорност“, додаде пратеникот.

Реагираа од ЗНАМ:

За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ. Причините за оваа одлука се лично негови. Дали станува збор за политички калкулации, клиентелизам или нешто друго, ќе покаже времето, соопштија од ЗНАМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ