По двете жртви, мајка и ќерка, кои вчера си ги одзедоа животите фрлајки се од балкон, денес со итна прес конференција се јави министерот Панче Тошковски.
Тој рече:
-Вчера во 14.10 часот во СВР Скопје од слученминувач е пријавенодека жен сод ете паднале од балкон. Веднаш е излезено на терен и во 14.11 часот од Брза помош е констатирана смерт. Телата се предадени на обдукција. Според досегашните факти настанот има претходница, која е предметнадеталнаистрага. Пред трагичниот настан истиот ден во 12.05 чсот во полиција било пријавено за распрва меѓу сопружниците. Бил извршен разговор со Ивана и таа изјавила дека нема физички контакт меѓу неа и сопругот , дека се работело за неоразбирање кое го решиле по мирен пат и дека не бара полициска интервенција ниту поведување постапка. Таа навела дека брачните односи ги решва реку бракоразводна постапка ид ека ќе ги решва по институцинален пат. По ова Ивана се упатилакон станот, каде подоцна се случил трагичниот настан, рече Тошковски и додаде:
-Лицето Стојанче Јовановски е лишен од слобода поради сомневње за сторено кривично дело. Тој се наоѓа во полициска станица и против него ќе биде поведено соодветна кривична пријава по брза постапка. Во изминатите години од СВР Скопје се поднесени 10 кривични пријави против ова лица за дела од областа на насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. Во декември е лишен од слобода за трговија со дрога, бидејќи биле пронајдени 20 паковки дрога и МВР отпочнало брза постапка и дставило кривична пријава до надлежен јавен обвинител, при што биле побарани и изречени мерки на претпазливост. Во текот на 2025-2026 година евидентирани се повеќе пријави за нарушени односи и физички напади меѓу сопружниците. Полицијата постапувала, се преземале мерки, но во сите наврати пријавите биле повлекувани од оштетената, кажа министерот.





