Премиера на претставата „Хаос“ во штипскиот театар: Драма за внатрешните борби и сложените односи на современата жена

Театар Штип ја најави премиерата на новата театарска претстава „Хаос“, режирана од Александар Ивановски, која пред публиката ќе биде изведена на 4 април 2026 година (сабота), со почеток во 20 часот.

Во актерската екипа настапуваат Ава Хусеини, Марија Минчева Андонов и Кристина Атанасова Арсова, кои преку своите улоги ќе го доловат динамичниот и психолошки набиен свет на три жени, чии животи се испреплетуваат во низа од конфликти и внатрешни превирања.

Станува збор за драма што навлегува во сложеноста на современото живеење, разгледувајќи ја човековата состојба од женска перспектива. Претставата отвора прашања поврзани со идентитетот, моралните дилеми и општествените норми, прикажани преку односите меѓу главните ликови, обележани со контрадикторности – од љубов до омраза, од доверба до предавство.

Организаторите најавуваат интензивна сценска изведба, во која психолошката длабочина и емоционалната напнатост создаваат атмосфера што го оправдува насловот „Хаос“, а публиката ќе има можност одблизу да го проследи развојот на приказната „во и околу“ трите централни ликови.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ