На 09.05.2026 во 22:45 часот во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишија од слобода Д.К.(47) од беровско, постапувајќи по претходна пријава дека не ја почитувал привремената мерка за заштита од семејно насилство изречена од Основе суд Берово и ја вознемирувал, навредувал и малтретирал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





