Продолжување на рокот за легализација на дивоградбите и минималната плата денеска пред пратениците

Собранието денес ја продолжува 85-тата седница, при што во центарот на вниманието се две важни законски измени што директно ги засегаат граѓаните и доаѓаат од различни политички страни. На дневен ред се предлогот на власта за продолжување на рокот за легализација на дивоградбите, како и иницијативата на опозицијата за итно зголемување на минималната плата.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат рокот на Законот за постапување со бесправно изградени објекти да се продолжи за уште пет години, односно до март 2031 година. Според пратеникот Бојан Стојановски, ваквата мерка е потребна поради илјадници граѓани чии предмети се заглавени во административни процедури или долготрајни судски постапки без нивна вина. Со продолжувањето се настојува да се избегне правна празнина и прекин на веќе започнатите процеси, што би значело дека сопствениците нема да можат да добијат имотни листови. Притоа се нагласува дека не се отвора можност за нови барања, туку се овозможува завршување на постојните предмети, по барање на ЗЕЛС и општините.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ