Пуштена во употреба првата делница од новиот булевар Струмица – Дабиље

Од денеска во функција е првата делница од новиот булевар Струмица – Дабиље. Работата на булеварот е проект на ЈП за Државни патишта и Општина Струмица. Во текот на изведбата се соочи со повеќе имотно- правни проблеми, поради што се одлагаше неговото комплетирање.

-Јас овде го разбирам целото нетрпение и нервоза од граѓаните, да, во право сте, вам не треба да ве интересира која е позадината за пролонгирање на изградбата, туку ве интересира динамиката која мораме да ја следиме. Но мора да разбереме, законите се такви какви што се и од тоа бегање нема. Важноста на овој проект е огромна. Покрај растеретувањето на сообраќајот, што е клучно за една од најоптоварените делници во државата, поврзувањето на добар дел од струмичките села е особено важно, вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Со поврзувањето преку ова булеварско решение, Дабиље добива третман на населба која има булеварско поврзување до центарот на градот. Попатно на растојание кое нема цел километар,  има две индустриски локални зони и директно поврзување со соседна Бугарија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ