Ратко Младиќ осуден за воени злосторства е во тешка здравствена состојба

Фото: Видео принтксрин

Осудениот воен злосторник и поранешен генерал на босанските Срби,  Ратко Младиќ (84), доживеал благ мозочен удар на 10 април, но по овој период неговата состојба се влошува, објави Dnevnik.hr. Информацијата ја потврдил неговиот син,  Дарко Младиќ, според кој, неговиот татко моментално е во сериозна состојба и има тешкотии во комуникацијата.

Младиќ отслужува доживотна казна затвор во Хаг, каде што беше осуден за воени злосторства и е меѓу најозлогласените личности од босанската војна, чие име стана синоним за убиството на над 7.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година – најлошото злосторство на европско тло од Втората светска војна. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА