Редовното патролирање на двете специјализирани возила со смарт камери за скенирање и евиденција на неправилности во паркирањето на ЈП „Стипион 2011“ ги откри навиките на штипјани за неправилно паркирање или паркирање за кое не плаќаат. Овие две возила, циркулирајќи низ градот за дваесет дена евидентирале над 12.000 прекршоци за неплатено или непрописно паркирање. Во првите денови бројката надминувала и 1000 возила дневно, со тренд на намалување.
Сите добиле опомени, соопштија од претпријатието, но веќе од денеска и ќе се казнува. Завршува пробниот периодот.
– Во изминатиот период во најголем дел беа издавани опомени, со цел граѓаните да не се изложуваат на дополнителни трошоци. Нашата цел не е санкционирање, туку воведување ред и создавање фер, еднакви и неселективни услови за сите. Од денес, завршува периодот на опомени и започнува редовна контрола – неселективно ќе се санкционираат сите возила, без исклучоци!, објави ЈП „Стипион 2011“.






