Решението со уличните кучиња е во измени на Законот за благосостојба на животните, сметаат стручните служби

Европската пракса е доколку нечие домашно милениче биде затечено надвор без присуство на неговиот сопственик, лицето кое го одгледува да биде казнето заради тоа. Наспроти тоа, во Македонија многу често домашните миленици откако ќе поминат некое време во домот, сопствениците ги напуштаат и ги оставаат на улица. Најсерозен проблем се уличните кучиња, кои потоа некотрнлирано се размножуваат, па формираат и глутници за време на периодот на парење.

Пред само два дена двегодишно дете заврши со тешки телесни повреди по напад од глутница кучиња.

Според стручните лица, решението е во измените на Законот за благосостојба на животните каде сопствениците на кучиња ќе може да бидат казнети доколку бидат фатени нивните кучиња на улица.

„Граѓаните постојано пријавуваат, ама апелот е да не се оставаат домашни кучиња на улица. Едно од решенијата кое може да биде во иднина е со промена на Законот за благосостојба на животните каде сопствениците на кучиња ќе може да бидат казнети доколку бидат фатени нивните кучиња на улица.“ – вели штипскиот комунален инспектор Борче Везенков.

Штипјани се жалат на раст на бројот на улични кучиња и глутници, но како што велат од општина Штип, суштината на проблемот лежи во неодговорните сопственици кои ги напуштаат своите миленици, па комуналните служби не можат да постигнат на терен. Само во јануари во Штип се вршеле три заловувања на кучиња скитници од страна на комуналните служби, но проблемот е хроничен во цела Македонија.

„Општина Штип има оператор од Куманово кој ги заловува кучињата скитници, доаѓа и ги заловува кучињата исто така и по пријави на граѓани. Апел до граѓаните да не ги оставаат своите домашни кучиња, да бидат грижливи и да се грижат за нив, а не да ги оставаат на улица. До сега, во месец јануари три пати има заловувано кучиња од Куманово, последниот пат се заловија некаде околу седум кучиња“ – додава Везенков.

За споредба, во Германија регистрацијата на домашните миленици е задолжителна, при што се плаќа годишна такса измеѓу 90 и 150 евра. Секое домашно милениче мора да биде чипирано со идентификациски код, кој кога кучето или мачето ќе се најде на улица, комуналнте служби го користат за идентификација на неодговорните сопственици.

(К.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ