Со образложение дека Шамил Реџепи, актуелен раководител во Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) е со несоодветно образование и доставил стар документ, мнозинството членови на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата гласаа Ацо Ристов да биде единственото име за кандидат за претседател на РКЕ кое ќе оди пред пратениците.
Двајца членови гласаа против оваа одлука, со објаснување дека Законот за енергетика дава можност и на економист, како што е Реџепи да ја води Регулаторната комисија, се изрази сомневање во политизирање на огласот и фаворизирање на лица блиски до власта. Вака објавениот оглас, како што образложија, не е во согласност со законот.
Без дополнителна дискусија од останатите членови, претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Горгија Сакоски го цитираше членот 47 од Законот со енергика, според кој, како што рече, претседателот е областите
-Од она што беше досегашен состав на РКЕ, Марко Бислимоски е магистер по електротехника и беше именуван за претседател. Магистер по правни науки е во состав на комисијата, рече Сајкоски.
Со тоа, поранешниот градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ацо Ристов, електроинженер и долгогодишен бизнисмен во областа на енергетиката е единствениот кандидат за претседател на РКЕ.
Сајкоски, на крајот од седницата информраше дека поништен е распишаниот оглас за еден член на РКЕ и при тоа не објасни зошто.







