Рокас: Нема никаков сомнеж дека сме на добар пат кон Акциски план за малцинствата

Евроамабасадорот Михалис Рокас, при неговата денешна посета на Штип, на новинарско прашање, за став за Акцискиот план за малцинствата и коментар за ставот на Бугарија изјави дека за него имаше две јавни консултации кои што беа одржани, а исто така свој придонес имаше и Советот на Европа.

„Се разбира дека ова подлежи понатаму на проценката која што ќе се направи од страна на Европската комисија. Меѓутоа, нема никаква сомнеж дека ние сме на добар пат кон добар акциски план за малцинствата и, се разбира, како што веќе ви е познато, пред отворањето на кластерите за основните вредности, предуслови се Патоказот за владеењето на правото, исто така Акцискиот план за малцинствата. ​Овие два документа понатаму се праќаат на Европската комисија за оценување. Се разбира дека постои простор таму за понатамошно подобрување на самиот текст на двата документа, меѓутоа јас мислам дека во моментот тоа е тековен процес и до овој момент ние сме задоволни во врска со тоа како течат работите, со јавните консултации, чисто дел беа и граѓанските организации, невладините организации и други учесници коишто работат во оваа сфера, така што можат да ги претстават своите измени или амандмани“ – рече Рокас.

На прашањето, кои се се околностите кои што го отежнуваат интегрирањето на Македонија во Европската Унија и во кои сегменти можеме да кажеме дека Македонија покажува добри резултати во овој правец, Рокас вели многу пати има кажано јавно оти во моментот кога земјата ќе почне да ги имплементира самите реформи со забрзан ритам, а реформи кои што се во сферата на владеењето на правото, борбата против корупцијата, и штом Македонија ќе може да ги исполни, односно ги исполни заложбите коишто ги има преземено во 2022 година, тогаш се надева дека ќе може да го започнат процесот за интеграција во Европската Унија, и се разбира дека самиот процес ќе се забрзува.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ