Поминаа девет години од смртта на милијардерот Дејвид Рокфелер, а ние сè уште не научивме ништо. Веројатно се прашувате што имавме да научиме од смртта на милијардерот? Па неколку работи:
Сите имаме крај – без разлика колку пари имаме
Парите не можат да ја измамат смртта
Сè што сме стекнале на овој свет останува на овој свет – умираме со голи раце.
Милијардерот и банкар Дејвид Рокфелер имал 101 година кога починал. Тој бил еден од најбогатите луѓе во светот и сакал да живее уште 100 години. Во времето на неговата смрт, неговиот имот се проценувал на 3 милијарди долари, но тој не однел ниту еден денар на другиот свет.
Роден е во Њујорк во 1915 година и е најмладиот од шесте синови на Џон Рокфелер помладиот, син на Џон Д. Рокфелер постариот, основач на нафтената компанија Стандард Оил.
За време на својот живот, Дејвид Рокфелер успеал да постигне влијание достојно за наследството на една од најмоќните капиталистички династии во историјата.
Една морничава приказна за Дејвид Рокфелер е дека го срушил рекордот за личност која имала најмногу трансплантации на срце. Се вели дека имал дури 7 трансплантации и дека последната била една година пред неговата смрт.
Дејвид собрал големи суми пари во текот на годините, само за да ги циркулира во кругот на неговото најблиско семејство.
Се оженил со Маргарет Мекграт во 1940 година и зад себе оставил шест деца. Неговата сопруга починала во 1996 година, а тој продолжил да живее до 2017 година.
„Секој пат кога ќе добијам ново срце, тоа е како здив на нов живот што тече низ моето тело. Се чувствувам подмладен и полн со живот“, се пофалил Дејвид пред новинарите само 36 часа откако завршил една од неговите многубројни трансплантации, додавајќи:
„Заработив многу пари во мојот живот, но поголемиот дел од нив ги подарив. Нема смисла да ги чувате тие пари за себе“, рече Рокфелер, кој беше полн со оптимизам, желба и надеж дека ќе успее да живее два века. Сепак, смртта го изненади на 101-годишна возраст.
Патем, покрај трансплантацијата на срце, милијардерот преживеал и две трансплантации на бубрег.
Многумина велеа дека сакал да ги надживее своите деца, но тој никогаш јавно не го кажал тоа – го сакал животот и се верува дека сакал да ги види промените во светот што ги носи времето.
Починал во сон. Последното трансплантирано срце не сакало да биде прифатено во неговите гради, пренесува курир.рс.




