„Само богати ќе можат да возат“: Авто-школите поскапуваат за неверојатни 40 проценти

Фото: Јутјуб

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што ги остави многумина изненадени и револтирани, информира денар.мк.

Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари по час. Со други зборови, секој дополнителен час зад воланот сега значи и дополнителен удар по џебот.

Од авто-школите објаснуваат дека покачувањето било неминовно поради зголемените трошоци за гориво, одржување на возилата и техничка опрема, но дека и новите прописи што ги воведе ресорното министерство бараат построги стандарди за наставата.

„Не можеме да работиме со цени од пред 10 години кога сè околу нас е поскапо“, велат од неколку авто-школи во Скопје. Сепак, и тие признаваат дека многу млади сега двапати ќе размислат пред да се запишат, бидејќи цената станала сериозен товар за просечното македонско семејство.

Од Министерството за транспорт и врски, пак, неофицијално се спомнува дека промените биле воведени со цел подобрување на квалитетот на обуката и усогласување со европските стандарди.

Но на терен, тоа малкумина ги утешува. Кандидатите велат дека и претходно им било скапо, а сега: „само богати ќе можат да возат“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ