„Сапорт Кочани“ обезбеди 200.000 денари за креми за изгореници и медецински помагала

Денес, на наменската сметка на Support Kocani беа донирани 200.000 денари, со кои ќе бидат обезбедени креми за изгореници и останати медецински помагала, со што вкупниот износ на собрани средства од оваа и сите претходни хуманитарни акции сега надминува 400.000 денари, информираат од иницијативата.

Во рамки на оваа хумана мисија, средствата беа собрани преку донации од граѓани, при што секоја донација од 500 денари беше придружена со бесплатна USB-картичка со целокупниот музички каталог на Тајзи.

-Денес имавме чест да бидеме домаќини на македонскиот артист Tyzee и тимот на Let’s Spread Love од Куманово, во рамки на нивната хумана мисија. Пријатниот разговор и нивното емпатично сослушување на реалноста што го отсликува нашето секојдневие, за нас беа потсетник дека уметноста, солидарноста и хуманоста имаат моќ да нè поврзат во моменти кога надежта ни е најпотребна. Ваквите приказни, инспиративни личности и организации, се причината зошто сè уште имаме надеж, информираат од . Support Kocani.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ