Компјутерска измама со пресретнато плаќање е пријавено на 27.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе. Од страна на 24-годишна жена од Свети Николе е пријавила дека со компјутерска измама нејзината фирма била оштетена за сума од 44.222 евра.
Како што соопшти СВР Штип, претходно, на 18.03.2026 година, вработена во фирмата направила нарачка на репроматеријали од фирма од Италија, а на 24.03.2026 добиле известување на електронска пошта од фирмата од Италија за промена на банкарска сметка со профактура во прилог.
„Додека, на 27.03.2026 извршиле девизно плаќање на новата сметка на италијанскиот добавувач, а подоцна добиле известување од банката дека плаќањето било извршено пред да се изврши проверка и одобрение на девизното плаќање од нејзината фирма, по што биле известени од фирмата од Италија дека комуникацијата била пресретната, односно трансферот на паричните средства не бил направен на нивната сметка, туку стигнале на непозната сметка Португалија, информира СВР Штип.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






