СДСМ: Владата на Мицкоски чека и му отвора пат за бегство на Груевски

Фото: Фејсбук

Опозициската СДСМ излезе со соопштение за тоа што, како што велат, македонската влада чека и не постапува во врска со Груевски по изјавата на новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар, иако Полска веќе побарала екстрадиција на двајца свои бегалци:

„По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш реагирала. Веќе Полска испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија.

Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски.

Според информациите со кои располагаме, Никола Груевски нема да добие азил во Турција, но му остануваат опции со кои води преговори. Тоа се Русија и Белорусија, а прашање е цената што ќе мора да ја „плати“ од парите на граѓаните на Македонија.

Овие информации покажуваат дека постои реален ризик тој повторно да избега од дофатот на правдата.

Очигледно, новиот Ванчо Михајлов во ВМРО, Христијан Мицкоски, намерно одложува и сака да ги избегне процесите – со единствена цел да се избегне политичка непријатност и одговорност. Со тоа му се дава можност на Никола Груевски за ново бегство.

Додека други држави активно постапуваат и бараат одговорност, кај нас институциите се злоупотребуваат за прикривање, одолговлекување и заштита на партискиот интерес на Христијан Мицкоски.

Наместо Министерството за правда да одолговлекува, мора веднаш да реагира и итно да побара екстрадиција на Никола Груевски.

Време е за правда и одговорност.“ – велат од СДСМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ