СДСМ предлага воведување на државни награди „Блаже Конески” и „Ремзи Несими”

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. 

Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески” и Државна награда „Ремзи Несими”. 

Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, предложи да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и во странство, за која се предлага да го носи името „Блаже Конески”, кој е основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач. 

Значењето на „Блаже Конески” е непроценливо и сестрано: тој е прв претседател на Друштвото на писатели на Република Македонија, претседател на Друштвото на писатели на Југославија, член на првата генерација академици и прв претседател на МАНУ во два мандата, колку да напоменеме некои од неговите достигнувања.

Исто така, со иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, се предлага да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава, за која се предлага да го носи името „Ремзи Несими”, кој е лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правопис на албанскиот јазик во 1972 година.

 Ремзи Несими е истакнат лингвист, просветител и универзитетски професор со богата научна и образовна кариера и со врвни заслуги за албанологијата во Северна Македонија, но и за едукација на голем број филозофи во земјава. 

Тој е единствен делегат од Македонија кој на Конгресот за правопис на албанскиот јазик, одржан во периодот од 20 до 25 ноември 1972 година, учествувал со научна тема и е потписник на Резолуцијата за албанскиот правопис. 

Почитуван од сите албанолози во земјава и во светот, сè до неговата смрт бил референца за секое прашање поврзано со албанскиот стандарден јазик.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ