Секој ден нови семејни нaсилници! МВР објави детали

Фото: Фрипик


Насилници никнуваат како печурки после дожд. МВР денес информира за нови случаи на семејно насилство.

Ова се насилниците:

-На 17.03.2026 во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

-На 17.03.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Скопје, агресивно се однесувал кон вработените и упатувал закани за неговата 33-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка, а која во моментот не била присутна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

-На 18.03.2026 во 00:00 чaсот во СВР Скопје, 60-годишна жена од скопско, пријави дека на 17.03.2026 околу 19:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.03.2026 во 19:50 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.Ш.(50) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека  во домот во селото физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ