Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од скопското село Бојане, поради сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“. Истовремено, пријава е поднесена и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово, осомничен за „помагање“ при извршување на делото.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Според информацијана Канал77 протитуцијата се одвивала во помошна просторија од куќата, која служела како мал угостителски објект.






