Семејството му го оствари сонот модерната фолк музика да се слушне поинаку – Емотивен концерт посветен на маестро Милан Завков

Од „Танец“, преку фолк фестивали до Филхармонија…  Дојде денот кога се оствари сонот на маестро Милан Завков неговата музика да се слушне поинаку. А се случи вчера вечерта во Филхармонија на концертот наречен „Миланова игра“.  

Милан од 2023 година не е веќе со нас, но тука е неговото семејство иницијатор за концертот, чија идеја беше родена од желбата да се продолжи неговата замисла, која, за жал, тој не успеа да ја реализира.

Голем виртуоз на хармоника и еден од најзначајните македонски композиори, аранжери и инструменталисти… ете тоа беше маестро  Милан Завков, кој зад себе остави неброени дела.

Концертот почна со „Стефаново оро“ едно од неговите најпрепознатливи дела. Музиката беше јазикот на кој зборуваше Милан, а вчера вечерта се раскажаа само дел од неговите дела.

Милан сакаше неговата музика да се слушне поинаку, да покаже дека народната музика е жива форма и може да се менува.  Па со богата оркестрација  и нови хармонични решенија Дамир Имери и Дарко Илиевски создаоа звук кој е нов, но ја зачувува емоцијата и препознатливоста на музиката на Милан.

Обработката на делата ги направија Дамир Имери и Дарко Илиевски. Камерниот оркестар, беше специјално оформен за овој концерт, со кој диригираше Дијана Имери Илоска, даде нова слика на песните на Милан, кои ги отпеаја  Ленче и Горан Куќиќ, Зуица Лазова, Наум Петрески, Суза Спасовска и на крајот Виолета Томовска, која специјално по желба на сопругат ја отпеаа „Гори душава“, а гостинка беше и Катерина Броња на флејта.

Ленче ја слушнавме и со „Мораш душо да ме разбереш“, Горан Куќиќ настапи со „Три наречници“, а потоа заедно ја отпеаја „Животот е многу убав“.  Зуица Лазоваја запеа  „Малку барам јас“. Аплауз за  Дино Имери за изведбите на  две ора на пијано.   Сузана Спсовска, пак,  ја пееше „Засвири една наша Милане“.  На последниот блок публиката стана на нозе и со голем аплауз ги поздрави изведбите на Наум Петрески за песните „Лазарополе“ и „Лична Јовано“ и на крајот „Гори душава“ и „Камен да беше“ со Виолета Томовска.

Водителка беше Ирена Спировска, која не потсети на се она што Милан го има направено за македонската музика и за она што значе тој.

На крајот додека Томовска беше на сцена излегоа сите и и направија изненадување. Та денес полни 81 година и Сузе Спасовска ги повика сите и во нејзина чест ја запеаја „Ај засвирете млади момчиња“, а публиката на нозе го поздрави со голем аплауз.

Емоции и солзи за прерано згаснатиот живот на големиот музичар, кој имаше уште многу што да каже во музиката. Но, направи доволно за да не биде заборавен, а од неговите дела да учат идните генерации…

Организатор на концертот беше „Баги“

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ