Националната установа Стоби на својот Фејсбук профил откри дека е пронјдена кутија со белегзии.
Во објавата на Стоби пишува:
-Сензационално откритие во Стоби по само два дена од почетокот на годинешните ископувања: бронзена кутија со десет масивни златни белегзии, пронајдена во сè уште неразјаснет контекст! Кутијата, внимателно изработена и украсена, била делумно вкопана во земјата, што дополнително ја усложнува интерпретацијата на нејзината намена. Белегзиите, изработени со исклучителна прецизност, упатуваат на висок социјален статус на сопственикот, но нивната точна функција: дали станува збор за накит, ритуален депозит или скриено богатство, засега останува непозната. Ова откритие отвора нови прашања за економските, културните и ритуалните практики во Стоби, најавувајќи понатамошни истражувања кои би можеле да понудат возбудливи наоди и интерпретации, се вели во информцијата.




