Сенка Велетанлиќ испратена на кремирање, урната ќе биде поставена во Алеја на заслужни граѓани

Фото: курир.рс

Испраќање за кремација на југословенската и српската пејачка Сенка Велеталниќ се одржа денес на Новите гробишта во Белград. Пријатели, семејство и колеги се собраа за да ја испратат прославената уметница во вечното почивалиште. Урната подоцна ќе биде поставена во Алејата на заслужните граѓани.

Меѓу првите што пристигнаа на гробиштата беше синот на Сенка, Васил Хаџиманов, како и сестрата на Сенка, пејачката Бисера Велетаниќ, која носеше големи очила за сонце и држеше свеќа во раката, додека песните на Сенка тивко свиреа во капелата.

ФФото: Петар Алексиќ/курир.рс


Сенка Велетаниќ е родена на 27 мај 1936 година во Загреб. Таа беше југословенска и српска пејачка. Беше во брак со колегата Зафир Хаџиманов, со кого го доби синот, Васил.

Сенка Велетаниќ почина на Водици на 19 јануари по тешка болест на 90-годишна возраст.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ