Се бараат телата на две деца – Полицијата со багери и кучиња го пребарува ранчот на Епстин во Ново Мексико

Фото: Јутјуб видео принтскрин

Истражителите во Ново Мексико во понеделникот започнаа обемна потрага по поранешниот ранч на сексуалниот престапник Џефри Епсин. Властите дејствуваат врз основа на нови информации кои сугерираат дека жртвите на покојниот финансиер се закопани на овој изолиран имот.

Во понеделник, истражителите влегоа во имотот што се наоѓа на високите рамнини на Ново Мексико, каде што покојниот Џефри Епстин и неговите познаници се обвинети за долгогодишно сексуално злоставување на жени и девојчиња, потврдија државните власти, објавува Ројтерс.

Меѓу најсериозните обвинувања е обвинението дека Епстин наредил телата на две странски државјанки (девојчиња) да бидат закопани во ридовите во близина на овој скриен имот.
Сведок на Ројтерс потврди дека во понеделник се слушнало лаење на кучиња на ранчот, а исто така било забележано и владино возило со симбол на отпечаток од шепа, што укажува на употреба на дресирани животни во потрагата. Покрај тоа, на имотот биле видени возила на државната полиција, како и возила на противпожарната и спасувачката служба на округот.

Повторното отворање на досиејата на Епстин стана постојано политичко прашање за претседателот Доналд Трамп, пренесува Б92.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА