Пред завршувањето на рокот на траењето на донесените економски мерки во врска со цената на нафтените деривати, на утрешната владина седница се очекува да се врати данокот од 10 на 18 отсто, но и поради движењата на светскиот пазар, цената на дизелот да се намали на 6 до 6,5 денари за литар, додека на бензинот минимално да се зголеми за половина денар. Оваа одлука ќе зависи и од преговорите до ОКТА, од која, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, очекува да излезат во пресрет со продолжување на попустот.
–Преговараме со Окта да видиме како ќе биде. Можеби од таму да добиеме дополнителен попуст барем. за втората половина, односно за првата половина на месец јуни. Кога ќе ги имаме предвид сите овие мерки, тогаш очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало наголемување од половина денар, а дизелот да поефтини околу 6,5 денара, 6 до 6,5 денара отприлика. Ова се бројките коишто нашите калкулации ги кажуваат. А ќе видиме како како ќе направи пресметка регулаторна. Со тоа практично ние три месеци имавме навистина динамичен период, период во којшто ја задржавме ценовната стабилност, граѓаните а не почувствуваа ниту во еден момент било какво ограничување кога станува збор за снабдување со нафта и со бензини. Истовремено притисокот врз нашите бензински пумпи беше огромен. Имаше денови кога 50-тина отсто беше зголемен од вообичаено, рече Мицкоски.






