Се зголемува старосната граница на децата кои возат електрични тротинети, а ќе растат и казните

По серијата трагични инциденти во кои жртви или тешко повредени беа деца од 12 и 13 години министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави законски измени. Базирани на препораките на експерти, Тошковски вели дека се планира заострување на казнената политика, но и зголемување на старосната граница за управување со електрични тротинети. Измените се очекува да бидат внесени во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

-Ќе одиме со заострување на казнената политика во однос на тротинетите. Ќе одиме со зголемување на старосната граница на децата коишто ни ги управуваат електричните тротинети. Но, тоа оставам да да влезе во рамки на официјална процедура па ќе го дискутираме и ќе ги изложиме сите оние детали. Во иднина ќе имаме заострување на казнена политика и заострување на регулатива во делот на управување на електрични тротинети особено во однос на најмладите заради тоа што статистиката со бројките на повредите и сообраќајните несреќи предизвикани од страна на оние коишто управуваат електрични тротинети. Имаме незаконско управување по тројца на тротинет, по двајца без кациги, без никакви правила онака како што сме научени во минатото да да си функционираме навистина доведува до сериозни последици, вели министерот Тошковски.

Со законски измени во 2020 година управувањето на тротинетите е регулирано во Законот за безбедност во сообраќајот. Дозволена е максимална брзина од 25 км/час на велосипедска патека и 6 км/час на пешачка патека или тротоар, но во пракса воопшто не се почитува. Минимална возраст за управување е 14 години. Законот предвидел казни од 80–120 евра за непочитување на ограничувањата за брзина и патеки, како и 50 евра за прекршувања како превоз на друго лице или водење животни додека се управува тротинет.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ