Се проширува акцијата на нелегален увоз на ботокс и филери

Се проширува акцијата за нелегален увоз на филери, ботокси и други медицински препарати, потврдија од ОЈО ГОКК.

-Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР се уште спроведува координирана акција при што се вршат интензивни претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и Примање поткуп. До овој момент се обезбедени повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица, велат од ОЈО ГОКК.

На претходно обезбени наредби од Основен кривичен суд вчер попладне се вршеа претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што беа лишени од слобода повеќе лица, дел од нив вработени како доктори на скопските клиники и сопственици на дерматолошки ординации.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ