Симонова: На советничка листа во Кочани се ставени луѓе кои не знаат дека се на листа

Ана Симонова од здужението Грин Орг, по објавата на советничките листи кои ќе учествуваат на локалните избори во Кочани, забележала дека фигурира и листа на „иницијатива Грин“, па сомневајќи се дека некој се обидува на името на здружението да искористи гласови, одлучила да ја провери листата самата.

  • Сакам да ве известам сите кочанчани дека таа иницијатива (партија) Грин нема ништо блиско со мене ниту нашето здружение Грин.орг кое макотрпно работи 6 години со низа активности локално и регионално но и интернационално. Можеле основачите да стават име кое нема да прави забуни на гласачите. Ова ќе биде изнесено и медиумски. Случајно не е направено сето ова и ќе биде поведена и постапка. Нашата макотрпна работа и заложба за напредок на Кочани НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА ЈА КОРИСТИ НИКОЈ ПРЕКУ злоупотреба на нашето име, вели Симонова.

Откако дошла до имињата на кандидатите од листата, тргнала да ги контактира за да види за што точно се работи, но, како што вели, наишла на кандидати кои воопшто и не знаеле дека се на советничка листа:

  • Формиравте партија Грин, во која на советничка листа ви се стаени луѓе кои не знаат дека се на листа…денес се имаат видено на листата, се упознавме…лично. Ми мириса на кривично дело…од утре ќе ви се одјавуваат у собрание…а позади сето ова стои……ЛЛЛЛЛЛ…да не ви кажувам…ама некој ќе го јаде дебело…злоупотреба на лични документи…апсолутно. ОЈО ДА СЕ ЈАВИ НА ГЛАВНА КАСА И ДА ПОСТАПУВА ПО ДОПРЕН ГЛАС, напиша Симонова на социјалните мрежи.

Досега МВР и Обвинителството се немаат произнесено по обвинувањата на Ана Симонова и Грин орг.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ