Син си го истепал таткото, па му го запалил автомобилот!

МВР информира за семејно насилство во Скопје.

-На 11.03.2026 во 02:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа му го опожарил неговото патничко возило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ