Син со жената го истепале таткото – Уапсен брачен пар од Неготино

Фото: МВР

Во Неготино приведен бил брачен пар, обвинет за физички напад врз таткото на сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 23:20 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 42-годишен неготинец и неговата 36-годишна сопруга, постапувајќи по претходна пријава, дека во семејниот дом физички го нападнале нивниот 71-годишен татко, односно свекор, појаснија оттаму.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што истакнаа, против брачниот пар ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ