Скопјанец(68) три години силувал дете, снимал, уценувал и се зканувал – ОЈО поведе истрага

Фото: МИА

 Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27 април оваа година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина. На детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе ги покаже на други лица.

Имајќи го предвид ризикот од бегство, можноста за влијание врз сведоците и особено малолетната жртва, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопшти Обвинителството. 

Претходно од МВР информираа дека 68-годишен жител на Скопје е лишен од слобода под сомнение дека извршил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

-Лицето С.Ш. е приведено на 27 април, а според досегашните сознанија, случајот се однесува на период од 2023 година до денес. Постојат сомненија дека осомничениот го принудувал малолетникот на сексуални односи, а воедно го злоупотребувал и за снимање видео материјал со порнографска содржина, информираа од МВР

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ