Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов по втор пат стана татко.
Тој на Фејсбук ја сподели радосната вест.
-По втор пат станав татко, се роди мојата втора ќерка Иконија . Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка Болница Штип. Слава тебе Господи, напиша Јорданов.

Јорданов е седум години во брак со Стефанија и јa имаат ќеркичката Ангела, која има четири години.
Во интервју за Канал77 тој изјави:
-Крајот на денот секогаш е резервиран за семејството, особено Ангела. Се трудам слободното време да го поминам со неа иако знам дека не е доволно, бидејки обврските и приоритетите се пречка да одвоиме време за семејството и за децата. Можеби од друга временскаа дистанца поинаку би постапувале, но таков е животот и секогаш кратиме од времето за семејството, изјави тогаш Јорданов и додде:
-Татковството е најубавото нешто и како и сите, ме смени и мене. Го имам сменето карактерот пред и по Ангела. Не дека водам некаков поинакво начин на живот, но сепак одговорноста и самата мисла дека мора времето и животот да го посветиме за нашите деца е нешто кое влијае на карактерот. Да им го трасираме патот на децата на најправилен начин,кажа тогаш Јорданов.
(В.М.)




