Снаа истепала свекрва, син мајка си, маж вонбрачната сопруга – слика на едно деноноќие од источниот регион

Свекрва од кочанско (70) пријавила вчера во полиција дека во вторникот околу 17 часот, била физички нападната од нејзината снаа. При тоа, снаата со свекрвата се пресметала и со тврд предмет и ѝ се заканила. Следи пријава за снаата по целосното документирање на случајот.

Штипската полиција документираше случај на семејно насилство, по што го упасиле Т.И.(72) од Штип, по претходна пријава во 15:00 часот дека на 01.04.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна вонбрачна сопруга.

Полицискиот билтен е дополнет со напад на мајка од страна на нејзиниот 17-годишен син.  

-На 02.04.2026 во ОВР Пробиштип во 09:00 часот, полициски службеници извршија службен разговор со 17-годишник од виничко, со престој во Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава во 01.50 часот дека околу 01:00 часот во семејниот дом во Пробиштип физички ја нападнал неговата мајка, соопшти СВР Штип.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ