Снежно е утрово во дел од државата, а според АМСМ сообраќајот на се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Целата територија на Македонија денеска се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради обилните врнежи и силен ветер кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Метеоролозите повторно предупредуваат на ризик од појава на нови поплави и излевање на реките, особено во западните и северозападните делови на Македонија.
Во овие делови од државата се очекуваат нови врнежи од над 30 литри на метар квадратен во период од 24 часа, што ја зголемува опасноста од покачување на водостоите и можни проблеми на терен.





