Советот на општина Кочани не ја усвои предложената точка на Дневен ред за разгледување на Мислењето дадено од Државната комисија за спречување на корупцијата, според кое Александар Андов, спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ги обавува истовремено функциите директор на ОУ „Никола Карев“ и член на Советот на општината.
За точката предложена од независниот советник Филип Цветанов „За“ гласаа 6 од вкупно 19 советници, додека останатите советници не гласаа воопшто, со што точката не беше донесена на Дневен ред.





