Сопругата на Курто Дудуш остана без „ренџ ровер“, некој ноќеска го запалил џипот

 Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 3:50 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишното лице со иницијали Ф.О. од овој град.

– Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице, кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Дел од медиумите објавија дека станува збор за возило на сопругата на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ