Со концерти се бараше „Стоп за Усје“ за почист воздух, а фабриката вели „не загадуваме“

Од 15 часот, па се до доцна вечерва ќе трае блокадата, проследена со концерти пред влезот на ТИТАН Усје. Организатор на протестот е Иницијативата „Стоп за Усје“, а под мотото „Без Усје полесно се дише“. Настанот е наречен „Бликадафест“, на кој како се стемнуваше така доаѓаа се повеќе и повеќе скопјани.

Од „Стоп за Усје“ уште еднаш го повторија барањата за почист воздух во Скопје.

-Артистите денес настапуваат волонтерски. Имаше подолга листа на уетници кои сакаа да настапат, но не беше возможно вечерва сите. Затоа останатите ќе настапат на некоја од идните блокади. Имаме девет барања и бараме да бидат вметнати во новта интегрирана еколошка дозвола. Правилата да бидат позатегнати, односно бараме најзатегнто што може за да не ни го загадуваат возухот. О ТИТАН Усје велат дека ние не загадуваме од дват оаци, а имаат 12 оџаци, а само два мерат. Ние не знаеме од другите што испуштаат. Очигледно некој ги спрелува работите, рече Алекандар Тодески од „Стоп за Усје“.

Претходно Усје испрати соопштение во кое велат дека работат како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении.

-Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити, се вели во соопштението од Усје.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ