ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
-На 01.08.2025 на семејна веселба во куќа покрај Дебарското езеро, тие неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале опасност по животот на присутните гости. По преземени мерки во координација со јавен обвинител, пронајден и лишен од слобода е Ф.П. и одземен му е пиштол „магнум”, додека при претрес извршен по судска наредба, во куќата каде била семејната веселба, сопственост на Б.П. и пријавената А.П., пронајден и одземен е пиштол „стејр”, додека од пријавената А.П. одземен е пиштол „глок” со 34 куршуми.





