Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на претстојните Локални избори ќе имаат советнички листи во 53 општини, плус Градот Скопје, беше соопштено на денешната прес конференција Портпаролот на Движењето, Никола Мемов рече дека овие листи се усвоени на последната седница на Извршниот одбор на ЗНАМ. Мемов ги соопшти носителите на советничките листи во скопските општини.
За носител на листата во Аеродром, предложен е Љупчо Марковски Калц, поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Македонија и член на шампионска генерација на Вардар. Во Центар е предложен м-р Крумислав Мишко Барзов магистер по спортски менаџмент. Во Карпош проф. д-р Јасмин Циривири, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, хирург ортопед во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Во Бутел е предложен Ѓорги Станко Чековски, член на кошаркарската репрезентација на Македонија и дел од тимовите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“. За носител на листа во Гази Баба е предложен Зоран Доневски, пензиониран началник во полицијата, во Ѓорче Петров предложен е Тони Симиќ, легендарен центар на кошаркарската репрезентација на Македонија, во Кисела Вода предложен е Сашо Петровски, дипломиран економист, приватен стопанственик. ЗНАМ за носител во Чаир го предлага адвокатот Николче Наумов.
-Извршниот одбор донесе одлука за поддршка на натпартискиот кандидат за градоначалник на Општина Кочани – д-р Влатко Грозданов. Во градот Скопје ќе настапиме со силна листа, предводена од Генерал Горанчо Котески, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ.
Човек кој целиот свој живот го посвети на одбраната и безбедноста на државата, човек кој ја носеше униформата со чест и достоинство, рече Мемов .
Кандидати на советничката листа се и проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, актуелен Ректор на Европски универзитет – Скопје, проф. д-р Горан Ајдински, редовен професор на Филозофскиот факултет на УКИМ, Мире Јанев, познат како Миро Плеј, д-р Лилјана Којиќ, директор на Здравствен дом „Железара“, д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската Клиника за физикална медицина и рехабилитација, Марин Докузовски, селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија и тренер на „Работнички“.







