„Срамно, срцето го даде за репрезентација, а седеше на клупа“ – Се огласи сопругата на херојот од Палермо

Фото: Инстаграм

Александра Трајковски, сопругата на репрезентативецот, Александар Трајковски, е разочарана од она што вчера се случуваше во Днска, каде македонската репрезентација загуби со 4:0. Таа најмногу е рзочрна од фктот што нејзиниот сопруг, лександар, целиот меч го преседе на клупата и не доби шанса ниедна минута да истрча н терен иако тој зад себе има бројни настапи во националниот дрес.

Разочрна таа на својот Инстаграм профил напиша:

-Вечерва гледав нешто што искрено ме повреди. Не само како сопруга, туку и како некој што знае колку труд, жртва и живот стои зад вистински професионалец. Гледав како човек кој со години се даваше безрезервно за тимот, за репрезентацијата – човек кој толку многу придонесе за својата земја, за своите игри, за своето срце – седеше на клупата. И молчи. Достоинствено! Но, не можам да молчам, рече та и додаде:

-Затоа што ова е погрешно. Ова не е човечко. Ова не е правда. Во време кога квалитетот, искуството и лојалноста треба да бидат мерка за сè, гледаме како оние што го носеа товарот и одговорноста со години се повлекуваат, напиша Александра.

Трајковски вчера на натрпреварот со Данска требаше да го одигра својот 99 натпревар за репрезентацијата. Тој уште е наречен и како „херојот од Палермо“, бидејќи пред четири години со негова помош ја победивме големта Италија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ