Србин возел 188км/ч на Куманово – Скопје, поршето му е одземено

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“.

Приведен е Б.С.(30) од Република Србија бидејќи возел со недозволена брзина.

– При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час – соопшти МВР.

Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

– Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните, наведуваат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ