ССМ: „Верувале или не” Мицкоски наскоро ќе чита од Идризово

Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не”. Па да му објасниме, велт одСДСМ во соопштението, кое ви го пренесуваме во целост:.

-Постојат два СДСМ во неговата глава. Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц… Другиот е вистинскиот СДСМ, оној што сруши режимот заедно со граѓаните, што овозможи враќање на слободата и демократијата, и независни судови и обвинителство коишто го осудија најголемиот криминалец во Македонија, Груевски, кој е во бегство. Истиот Груевски што Мицкоски го брани, го штити и одбива да ги испрати документите за негова екстрадиција. Оној за кој Мицкоски лажеше, иако знаел дека има унгарско државјанство. А во реланоста има еден вистински СДСМ – што ќе ги ослободи обвинителството и судовите, па тие независни правосудни институции како во секоја демократска земја ќе го осудат и Христијан Мицкоски за криминал и корупција, како водач на организирана криминална група ВМРО. Тогаш, кога ќе ја чита рубриката „Верувале или не”, навистина ќе верува. Затоа што ќе ја чита од Идризово. Денот на вистината и правдата се ближи. Тогаш нема да може да си поставува свои судии, свои обвинители и да има „чувство”. Тогаш власта ќе биде во рацете на граѓаните на Македонија. Тогаш „чувство” ќе имаат граѓаните.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ