Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да јави во затвор за одлежување на казната

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на 2 јули ќе треба да се јави во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари за одлежување на казната затвор.

„Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година“, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

Пред неколку дена од судот информираа дека со пресуда на Апелацискиот суд, поранешниот градоначалник правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.

Пред два дена на прес конференција Јакимовски обвини дека се работи за политички монтиран случај од страна на владејачката гарнитура.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ