Студентите не брзаат да ги искористат ваучерите за ИТ уреди  – употребени половина од издадените

Фото: Фрипик

Остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери, додека досега се доделени вкупно 42.606 ваучери. Од тоа, искористени се 27.426 ваучери, потврди Министерството за дигитална трансформација.

Рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ